Нов царински терминал на „Ќафасан“

Проектот за новиот терминал е финансиран од ЕУ преку ИПА 2013.

Царинската управа денеска ќе го пушти во употреба новоиот изградениот царински терминал за стокови пратки на граничниот премин „Ќафасан“. Проектот „Реконструкција на објектите за царинење и инспекција на граничниот премин за патен промет Ќафасан и надзор на изведбата на проектот“, започна во 2017 година и е финансиран од ЕУ преку ИПА 2013 во вредност од околу 2 милиони евра. Новиот царински терминал има 9.500 m2 корисна површина со пристапни патишта, објекти за царинење и други инспекциски служби.
На денешното отворање на новиот царински терминал, ќе присуствуваат премиерот Зоран Заев, Амбасадорот на ЕУ во Македонија,Семјуел Жбогар, министерката за финансии Нина Ангеловска и Ѓоко Танасоски, директор на Царинската управа.

Social profiles