Нов модел на субвенционирање во туризмот

После десет години нов модел за субвенционирање на туризмот.

Здруженијата од туристичкиот сектор, дадоа  свои идеи за унапредување и подобрување на тековниот модел за субвенционирање, кој се смета за  застарен.

Новиот модел главно ќе  се базира на подигнување на чартер-летови за нова дестинација, но исто така и на  туристичките групи со редовните авионски линии, патничкиотј и железничкиот сообраќај. Промена ќе  има и во самата документација, која треба да се направи на  поедноставен, потранспарентен и  недискриминирачки начин.   Покрај редовното субвенционирање  се спомнуваат и еден нов тип субвенционирање, а тоа е конгресниот и спортскиот туризам, во периодот од октомври до мај, што за Охрид е од исклучително значење.

Измена е и тоа што субвенциите нема веќе да се делат по дестинации,  туку според сместувачките капацитети.

– „Системот на субвенционирање, кој што според мене веќе ги даде очекуваните резултати  некаде во 2016 година и онака како што е направен како модел по дестинации мислам дека треба да го менуваме. Да го менуваме затоа што и светските и регионалните текови покажуваат некои други правци. Се повеќе алтернативните форми на туризам го земаат својот замав и веќе навиките на туристите не се на долги одмори од 7 до 14 дена туку три до четири пати во текот на годината одмори по четири до пет дена откривајќи нови дестинации,  вели Љупчо Јанески директор на Агенција за промоција и поддршка на туризмот во емисијата „ПРАШАЛНИК“ на ТВМ. 

– „Субвенциите се една од најдобрите мерки кои за среќа се уште се активни ги поддржувам напорите на Агенцијата и другите институции за нивно подобрување односно работење по одредени забелешки и измени во правилниците уште повеќе ќе се допринесе“, вели Ѓоко Апостолов раководител на ТЛЕР.

Системот мора да се менува бидејќи не ги дава посакуваните резултати. Порастот на туристи е под очекуваното, смета научната фела.

-„Мислам дека треба да има комбинација некоја во начинот на субвенционирање не само на давање дирекни финансиски средства на тур операторите туку поддршка на развојот на инфраструктурата , не само градската инфраструктура туку и на сместувачките капацитети. На тој начин ќе добиеме поквалитетни сместувачки капацитети, кои ќе претендираат да примаат поквалитетни гости“, вели професор д-р Цветко Андреески дека на ФТУ Охрид.

Доколку не се направи нов модел ќе се изгуби чекорот со соседните држави, алармираат туристичките работници.  Големите тур-оператори веќе ги креираа своите пакети за следното лето, новиот систем за субвенционирање ќе се применува за 2021 година.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани