Нов случај на корона во струшко и уште еден починат

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 45 оздравени пациенти.

 

По градови во: Скопје-19, Куманово-25, Прилеп-1. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби денеска за прв пат од почетокот на епидемијата, во 24 часа, нема прием на нови пациенти, позитивни или сомнителни на ковид-19. На оваа клиника почина еден пациент, 61 годишен од Струга, со повеќе коморбидитети и тешка форма на болеста, хоспитализиран од 24 април, а испишани се 8. Во моментов се хоспитализирани 39 пациенти, од нив 20 потешко болни и на кислородна поддршка и 1 критично болен пациент на механичка вентилација. Во изминатите 24 часа направени се 199 тестирања, а потврдени се 15 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-2, Куманово-7, Прилеп-4, Тетово-1, Струга-1. Лабораторијата на Жан Митрев достави допис со исправка до ИЈЗ за позитивни резултати на 3 лица (2 од Скопје и 1 од Битола) пријавени на 24 април. Трите лица се всушност негативни, а причина за грешката е најверојатно контаминација на материјалот. Кај трите лица лабораторијата во Жан Митрев уште веднаш, на 25 април, направила контролен тест на оригиналниот материјал, но и на нов брис по што се добиени негативни резултати, а истите лица се тестирани и преку ИЈЗ и тие резулатати се негативни. Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1506, бројката на оздравени пациенти е 852 , на починати е 82, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 572. Последната дистрибуција по градови е следна: • Скопје – 509  Куманово – 400  Дебар – 51  Штип-34  Прилеп –157  Тетово – 85  Струга – 67  Велес – 77  Битола –19  Охрид –15  Кавадарци – 5  Гостивар –17  Гевгелија – 4  Струмица – 2  Крива Паланка-5  Радовиш – 4  Крушево – 3  Кочани – 31  Пробиштип – 2  Кичево – 2  Неготино -9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)  Демир Хисар – 1  Македонски Брод -2  Пехчево- 2  Делчево-1  Валандово -1  Виница – 2 Направените 199 теста се преку: ИЈЗ –179, Ветеринарен ф-тет -0, Авицена –0, Биотек -0, Филип Втори (Жан Митрев) –0, Систина со PCR метода – 10 и МАНУ -10. Досега во земјата се направени вкупно 16997 тестирања на ковид -19. Во изминатото деноноќие во ГОБ „8 септември“ примени се 9 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 29. На респираторна машина се 4 пациенти, а уште тројца се со потешка клиничка слика. Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат 3. Во болницата во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а уште 4 се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид, Гостивар и Тетово се хоспитализирани вкупно 47 позитивни и суспектни на ковид-19.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани