Нов случај на семејно насилство во Охрид

Алармантна е зачестеноста на семејните насилства во градов.

На 20.07.2019 година околу 20 часот и 30 минути, И.Л.(76) од Охрид, пријави семејно насилство и загрозување на сигурноста извршено од О.Л.(37) во нивниот семеен дом.
При обид за негово приведување, тој физички им се спротивставил на полициските службеници упатувајќи им навреди и закани. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид, против О.Л. ќе поднесе соодветна пријава, изјави Стефан Димоски, портпаролот на СВР Охрид.

Social profiles