33 годишникот е приведен, ќе си чека пријава.
На 21.07.2019 год. во 05,20 часот, на улицата „Железничка“ во Охрид, приведен е Ј.П.(33) од Охрид. Тој, во видно алкохолизирана состојба, се обидел да ги спречи полициските службеници во извршување на работите од областа на безбедноста.
– Тој е задржан во полициската станица, по што ќе му биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.