Не запира нелегалната изградба на минарето на Алипашината џамија. Премиерот вети стопирање на изградбата а решавање на проблемот после претседателските избори.
Но како и за време на кампањата така и сега после избори минарето „расте“. Секојдневно се издигнува се повисоко. До ИВЗ и изведувачот не допираат реакциите на граѓаните а очигледно и не важат ниту законите.
Од здружението „Совест“ на фејсбук страната го запрашаа премиерот Зоран Заев.
-„И сега што правиме? Си поминаа изборите и ќе си тераaт по старо.. Опп еве денес 08.05.2019 се спрема нов спрат нa минарето на дивоградбата Aлипашина џамија..Правда нешто..закон нешто..жолт картон нешто..пораката е разбрана нешто..?Почитувани 5 мај помина, Охрид нема време да чека!!Довербата повторно ви ја дадовме, Жолтиот картон го испорачавме,не дозволувајте да не изиграте зошто следно е Црвен!!“, напишаа од „Совест“