Користел марихуана добил кривична

53 годишниот охриѓанец, марихуана чувал во домот и автомобилот.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Т.(53) од Охрид. Тој, на 04.05.2019 година околу 04 часот, на улицата „Партизанска“ во Охрид е затекнат при користење на марихуана.
– Дополнително, при претрес, извршен врз основа на наредба на судија на претходна постапка, во неговиот автомобил марка „Opel Insignia“ и во неговиот дом, пронајдена и одземена е марихуана, како и повеќе други предмети поврзани со кривичното дело, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани