Се одбележа светскиот ден на Црвениот Крст и Црвената полумесечина

Денеска се положи свежо цвеќе пред бистата на Анри Динан.

Делегација на општина Охрид предводена од претседателката на Советот, Живка Ангелоска денеска положи свежо цвеќе пред бистата на Анри Динан, а по повод одбележување на Светскиот ден на Црвениот Крст и Црвената полумесечина.Свежо цвеќе положија и делегации од Црвен Крст и од здружението „Анри Динан“ од Струга.Светскиот ден на Црвен Крст е воспоставен по датумот на раѓање на основачот на организацијата Анри Динан, 8-ми мај.

Social profiles