Нова промотивна кампања за Охрид на „Твитер“

Вљубениците во Охрид, постојано имаат нови идеи за промоција на  „македонското делче од рајот“. 

 Тони Павловски или @WaiterMKD започна нова промотивна кампања „#OhridForYou2018“. 

 Промотивната кампања на социјалната мрежа „Твтер“,  за само еден ден предизвика  оргомен интерес.

Целта е на прагот на туристичката сезона 2018 да се привлечат што поголем број на туристи. 

-„Целта е  промоција на Охрид,  споделување на слики од Охрид, предлози за посета на места и објекти. Интересно е што за само 24 часа кампањата доживеа невиден успех“, вели Павловски за Охриднет. 

Инаку Тони, дипломира  на Факултетот за туризам во Охрид, тој е поранешен соработник на Охриднет.ком.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани