Нова сообраќајка со жртва во Охрид

Малолетник со мопед удрил во повозрасна жена.

Синоќа во 20 часот, во Охрид на улицата „Ристо Чадо“, мопед „Лонгија“, со охридски регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од Охрид, удрил во пешакот Б.Ѓ.(68) од Охрид. Таа била пренесена во Општата болница Охрид, каде им подлегнала на повредите.
Според м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, „возачот на мопедот се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“. Извршен е увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид“.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани