Пронајдена марихуана во Цитроен и Ренџ Ровер

Полицијата приведе три лица.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, во две засебни акции рано утрово и вчера, полицијата привела три лица во чии автомобили била пронајдена марихуана. Појаснува дека утрово во 02.45 часот на улицата „Абас Емин“ во Охрид, при преглед во патничко возило „Цитроен Берлинго“, сопственост на А.Џ.(48) од Охрид, полициски службеници пронајдоа и одзедоа три кеси со марихуана. Дополнително, во близина на неговиот дом на истата улица, пронајдени се шише со течност и марихуана. А.Џ. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Според Димоски, вчера во 17.20 часот, на булеварот „Железничка“ во Охрид, при преглед на патничко возило „Ренџ Ровер“, со скопски регистарски ознаки, управуван од З.П. (22) од Скопје, полициски службеници пронајдоа и одзедоа кеса со марихуана. Возачот и сопатникот М.Р.(19) од Охрид се приведени во СВР Охрид и по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Social profiles