Нови 561 случаи на корона, 22 починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 561 нови случаи на Ковид-19 од 1901 направени тестирања.

Починале 22 лица, а оздравеле 197 пациенти. Од починатите 7 биле пациенти од Скопје на возраст од 55, 78, 71, 35, 66, 71 и 64 години, еден од Куманово (57 г), двајца пациенти од Дебар (58 и 64 г), еден од Прилеп (61 г), еден од Струга (75 г), двајца пациенти од Велес (61 и 64 г ), двајца од Битола (74 и 70 г), двајца од Гостивар (79 и 76 г), двајца пациенти од Крива Паланка (56 и 88 г), еден од Кочани (60 г) и еден пациент од Делчево (81 г). Од починатите, двајца пациенти починале вон, а останатите во болнички услови. Нови случаи, пак, се регистрирани во: Скопје-271, Куманово-29, Дебар-2, Штип-19, Прилеп-33, Тетово-26, Струга-3, Велес-20, Битола-17, Охрид-11, Кавадарци-18, Гостивар-10, Гевгелија-15, Струмица-32, Крива Паланка-3, Радовиш-2, Крушево-1, Кочани-12, Пробиштип-4, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Берово-8, Виница-1, Делчево-1, Кратово-3, Свети Николе-5, Кичево-6, Ресен-2, Неготино-4.

Social profiles