Нови авио линии од Охрид до повеќе турски дестинации

Со нови авио летови, Охрид, заедно со Скопје ќе се поврзе со Анкара, Измир и Истанбул.

Нови авионски линии до Скопје и Охрид од Анкара, Измир и Истанбул, најави Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) која денеска, во соработка со ТУРСАБ и Асоцијација на турски туристички агенции, организираше бизнис состаноци на 20 нови тур-оператори од Турција со туристичкиот сектор од земјава.Според Агенцијата, зголемениот број авионски линии значи поедноставена можност за патување на Турците во земјава и обратно, а интересот е резултат на добрата соработка во минатото и историската близина поради која се уште постојат силни семејни и пријателски врски.Туроператорите од Турција за време на престојот ќе ги посетат југозападниот дел од земјава, чаршиите во Скопје, Битола и Охрид, отоманските споменици на културата, а ќе имаат можност да уживаат и во македонската традиционална кујна, како и во винскиот регион. Бројот на турски туристи во периодот јануари-јули 2019 година е 65.403, додека бројот на ноќевања 96.325. Според бројот на гости и ноќевања, Турците најмногу го посетиле скопскиот, а потоа југозападниот регион.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани