Лабуништани со нов протест против каменоломите

Жителите на Лабуништа утре повторно ќе побараат затворање на сите каменоломи.

Жителите на струшко Лабуништа, утре со нов протест ќе побараат затворање на преостанатите три каменоломи. Протестот е ќе се одржи во 15 часот во организација на еколошкото друштво „Натура Лаб во месноста Калишта, на локалниот пат за село Боровец, веднаш пред каменоломите.
Лабуништани, првите протести ги започнаа во јули, по што следуваше реакција од министерот за економија Крешник Бектеши, кој се сретна со жителите, по што, се затворија два од петте каменоломи.
– „Ние како граѓани нема да састанеме тука, мора да се стави крај на секакво зло што се нанесува на Лабуништа и околните села, но пред се штетата што се нанесува на природата. Без разлика дали живеете во Лабуништа или не, запаметете дека истиот воздух го дишеме сите, подеднакво“, стои во еден од повиците на еколошкото друштво „Натура Лаб“ за претходните протести.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани