Четирите пловни објекти се опремени со професионални уреди за навигација GPS, радар и затворена кабина за екипажот, а гумениот патролен чамец е погоден за брзи интервенции во разни инцидентни ситуации и контроли на водениот сообраќај, особено во летниот период во сите три езера, со што значително се зајакнуваат капацитетите за заштита на границите.
Поголемите пловни објекти со цврсто корито се со јачина од 200 коњски сили, а помалите со мотор од 160 коњски сили. Ова ќе овозможи непречено користење и висока ефикасност на припадниците на грачничната полиција во секакви временски услови, како во делот на граничниот надзор и спречување на секаков вид прекуграничен криминал во Охридското и Преспанското езеро ,така и во услови кога е потребно да се пружи помош и спасување на други лица и пловни објекти заглавени во водите на езерата од најразлични причини.