Обдукцијата ќе покаже од што починал албанскиот државјанин во Вапила

Денешната обдукција треба да ги покаже причините за смртта на 32 годишникот.

Н.Х. (32) од Република Албанија, со привремен престој во Охрид, на 12 овој месец, бил пријавен за починат. Во 17.15 часот во СВР Охрид, од Итна медицинска помош било пријавено дека во атарот на охридското село Вапила, при сеча на шума, на месноста Бел Камен, на Н.Х.(32) од Република Албанија, со привремен престој во Охрид, околу 16.30 часот му се слошило, по што починал. Увид извршила екипа од СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинитеч телото на починатиот било предадено за обдукција.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани