Обезбедени средства за поквалитетно водоснабдување во Охрид

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска во Скопје го потпиша грант договорот со Центарот за меѓународна соработка и развој на Република Словенија за обезбедување на средства во вредност од 150.000 евра, кои ќе бидат наменети за подобрување на условите за водоснабдување во Охрид.

 

Договорот беше потпишан во рамки на Информативниот настан на Секретаријатот за европски прашања на македонската влада и Амбасадата на Република Словенија.

Според планираното, ќе биде извршена реконструкција на пречистителна станица и набавка на нови филтри за пречистување на вода, за потребите на ЈП „Водовод“ . Со овој проект ќе се овозможат посовремени услови за пречистување на водата и ќе се обезбеди поквалитетна и поздрава вода за пиење за сите жители на Општина Охрид.

Средствата кои се обезбедени преку грантот од Република Словенија, покриваат половина од вкупната вредност на целиот инвестициски зафат, а останатите средства Општина Охрид ги има обезбедено преку Министерството за транспорт и врски.

 

Social profiles