Обиена црква во Горна Белица

Среќа е што крадецот-вандал не одзел ништо.

На 15.04.2021 година, во полициското одделение Велешта, пријавена е тешка кражба во обид, во манастирот „Св.Климент“ во струшкото село Горна Белица.
Од увидот извршен на 16.04.2021 година, констатирано е дека засега непознат сторител, во периодот од август минатата до април оваа година, со употреба на подесен алат и физичка сила, ја извадил металната решетка и прозорецот од јужната страна, влегол во внатрешноста но не одзел ништо. Се преземаат мерки за расветлување на настанот, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани