Полицискиот час се враќа на сила од денес, со почеток од 21 часот навечер до 5 часот наутро и ќе трае секој ден до до 15 мај.
Исклучок, беше вчеравечер, пред Велигден, и вечерта на 12 кон 13 мај, за муслиманскиот празник Рамазан Бајрам. Овие прекини на рестрикцијата на движењето на граѓаните, како што истакнаа министерот за здравство и неговиот заменик – Венко Филипче и Илир Хасани, се воведени за да можат граѓаните да се чувствуваат слободно за време на овие два големи верски празници.
Зависно од епидемиолошката слика , рестрикциите може да продолжат и после 15 мај.
