Од денес попладне викенд карантин

Забраната за движење на населението денеска почнува од 16 часот и ќе трае до понеделник до 5 часот.

Со ова стратува првиот викенд карантин на целата територија на државата а ќе трае 61 час.

Согласно одлуката на Владата, а со цел спречување на ширење на коронавирусот, полицискиот час во текот на работните денови почнува од 16 до 5 часот, додека за време на викендите на граѓаните им е целосно забрането движењето.

Од забраната изземени се полицијата, армијата, здравствените и медиумските работници, а исто така не важи и за маркетите и рестораните кои се доставувачи на производи. Аптеките ќе работат непречено.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани