Од Швајцарија шверцувал техничка стока. Непријавената стока е откриена на царинската испсотава во Струга.
-„При контрола на стока со потекло од Швајцарија, наменета за увозник од с. Слепче, Демир Хисар, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Струга, биле откриени непријавени 9 парчиња техничка стока (електричен алат, апарат за кафе, караоке звучник и машина за сушење чаши). Непријавените производи се привремено задржани, а против увозникот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка“, информираат од Царинската управа на РМ.
