Од утре медиумите не смеат да објавуваат резултати од анкети

Ова е во согласност со Роковникот на Државната изборна комисија.

Медиумите, уште денеска до полноќ, може да објавуваат резултати од испитувањата на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес. Според Роковникот на Државната изборна комисија, резултатите од анкетите може да се објавуваат најдоцна пет дена пред денот определен за одржување на претседателските избори и вонредните локални во општините Охрид, Дебар и Ново Село, односно рокот истекува денеска на полноќ.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани