После вчерашниот немил настан, повреденото момче од скок во вода на плажата Парк во Охрид, решивме да ви пренесеме неколку трагични случки кои ги насловивме „Од водените лудории до инвалидска количка“.
Најчесто помладите сакаат да изведуваат лудории на плажа, што да се направат важни во друштво, што да се забавуваат.
Вчерашниот случај не е прв случај на тешка повреда на р,бет и глава од скок во Охридското езеро. Охриднет ви пренесува неколку тажни приказни.
-Пред повеќе од пет години на една охридска плажа друштво млади од Скопје славеа 18 ти роденден. На лудата забава испија повеќе алкохол, па ноќта одлучија да се капат. При скокот на глава во вода славеникот се повредил. Другарите го извадија од вода, имал тешки болки во пределот на вратот. Децата поминале од брза помош, но така пијани и несериозни биле испратени да си легнат да спијат. Другиот ден повреденото момче се разбуди парализирано од главата до нозете….. И ден денес нема лек за неговата повреда…..
– Пред повеќе години при скок во реката Црн Дрим едно момче загина на лице место. Го скрши вратот од лошиот пад од мостот во вода…..
– Пред три години едно девојче заврши со тешки повреди на р,бетот при скок од карпите во Канео. Седумнаесетгодишната девојка се извлече за влакно. Спасителите со пловило внимателно ја транспортираа до специјалната болница Свети Еразмо каде по подолго лекување помина без последици. И овој случај ќе завршеше во инвалидска количка да не беа среќните околности……
-Вчера 16 годишно момче заврши со тешки повреди на глава и р,бет во болница. Скокнал од мост во вода, па удрил во камења. Во моментов е на лекување во Систина Скопје, откако вчера беше примен во специјалната болница Свети Еразмо. Тој е надвор од животна опасност но имал тешки повреди на вратните пршлени. Да се надеваме и веруваме дека ќе помине без последици.
Овие случки Охриднет ги пренесува за да бидат поука за сите млади и нивните родители. Раскажувајте им, карајте ги да не скокаат на глава.