На кои години сте најдобри во се?

Колку пати ви се случило да го заборавите името на соговорникот веднаш штом ви го соопшти?

Ако сте постари од 22 години слободно кажете си дека ви поминале годините за помнење имиња.Жените им се најпривлечни на мажите кога имаат 20 години, а ставот на жените кон мажите се менува со текот на стареењето и тие секогаш сакаат малку повозрасни мажи од нив.

Луѓето се најсреќни на 23 години. 23.000 германски испитаници потврдиле дека оваа возраст е или била најбезгрижната и најсреќната во нивнот живот.

Мускулите го достигнуваат максимумот на 25-годишна возраст и остануваат во ова форма сѐ до 35. или 40. година.

Најголемата желба за создавање семејство се јавува на 26-годишна возраст бидејќи статистичките податоци потврдуваат дека до тогаш среќавате секакви луѓе и размислувате што сакате понатака во животот.

Коските ви се најсилни кога имате 30 години. Коските растат до 30. година и тогаш се најцврсти и покрај тоа што здравјето им се продолжува со калциумот и Витамин-D.

Во триесеттите години можете да се надевате на добра партија шах и паметно расудување, а исто така и солидно препознавање на ликови.

Четириесеттите години се резервирани за интелектуално созревање и потенцијални Нобелови награди. Платите на жените го достигнуваат максимумот околу 39 година, а мажите заработуваат најмногу на 48-годишна возраст. Лицата во своите 40ти најмногу сочувствуваат со своите соговорници и најмногу се стремат да им помогнат.

Живото повторно ќе ви изгледа прекрасен после 69. година и вопшто нема да се срамите од вашето тело.

Извоkajgana.com

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани