Одблокирана изградбата на автопатот Охрид Кичево

После повеќе месечен застој конечно е одблокирана изградбата на автопатот Охрид Кичево. Ангушев најави дека продолжува изградбата на овој капитален проект , а со тоа се очекува да се забележи и пораст на Бруто домашниот производ. 

 

Според вицепремиерот Ангушев падот  на бруто домашниот производ, кој вчера го потврди државниот завод за статистика  објавувајќи 0,1 % наспроти проекциите од 3,2 % се должи на стопирањето на поголемите проекти меѓу кои  изградбата на автопатот Охрид Кичево. 

 -„Имаме раст во земјоделието, имаме раст во индустријата има раст во трговијата едиснтевн пад има во нискоградбата има пад од околу 35 до 40%. Тоа е она што Брудто домашниот производ го влече на долу. Јас сум сигурен  дека со ставање на големиот проект во фунцкија, изградбата на автопатот Охрид Кичево: Токму со намалуцвањето на работата на компаниите Синохидро, Трансмет  и други компании го наравија овој резултат. НО сега проектите се одглавени и тие ке се реализираат така што сум сигурен дека бруто домашниот производ  на крајот на годината ќе биде во рамките на проектираното“, додаде Ангушев

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани