Одвоени средства за доизградба на голф игралиштето во касарната

Министерот за локална самоуправа Милевски, на официјалниот фејсбук профил објави дека се одобрени 5.700.000 денари за изградба на голф вежбалиште во Охрид.

Ова е прва ваква инвестиција во нашите туристички центри. Подобрување и зголемување на туристичката понуда на најголемиот туристички центар во Македонија, е важна за привлекување на поголем број на туристи. Иницијативата за оваа инвестиција е на угостителскиот сектор од Охрид, кои својата идеа ја аплицираа преку Општина Охрид – напиша Милевски.

 Средствата ќе се наменат за доуредување на просторот наменет за голф, лоциран во поранешната Касарна. Со овие средства ќе се направи голф драјв ренџ, мало голф игралиште со 6 дупки и голф академија. Ќе се посади специјална трева наменета за голф терени на површина од 3,5 хектари, но и ќе се набават колички за голф, како и апарати за голф топчиња.

ТВМ уште пред извесно време извести дека за голф теренот имаше голем интерес од најмладите охриѓанчиња кои живеат во тој дел на градот, а несомнено дека истиот ќе привлече голем интерес и од домашните и странските гости. 

Извор ТВМ 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани