Огромен број верници на синоќешниот Ифтар

На градскиот плоштад „Чинар“, вечерва, градоначалникот Јован Стојаноски, по повод празникот Рамазан Бајрам, за граѓаните од  муслиманска вероисповед, приреди ифтарска вечера.

 

На вечерата, градоначалникот Стојаноски порача дека ваквите средби и празнувања ги јакнат односите  меѓу граѓаните,  соживотот и дека се потврда за почитување на универзалните хумани човекови вредности.

Додаде дека како и досега, така и во иднина, со почитување на верската различност ќе се градат меѓусебната толеранција, милосрдието, разбирањето и просперитетот на Охрид и Република Македонија.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани