Охрид дел од препораките на Global Goose за посета на Македонија

Сајтот Global Goose препорачува 13 работи кои мора да ги знаете пред да ја посетите Македонија.

На сајтот Global Goose осамна текст за Македонија, кој започнува дека ако не сте од Европа шансите да не сте слушнале дека постои земја со име Македонија на Балканот се огромни.Ова мало парче земја го има и најстарото езеро во Европа, една од најдлабоките подводни пештери на светот и свој остров на змии, пренесува skopje24.mk.Ако ви звучи интересно прочитајте кои препораки македонскиот гостин автор на Global Goose, кој има свој блог за патување Passport Symphony, ги даде за странските туристи.
Работи кои мора да ги знаете пред да ја посетите Македонија:
Не е во Грција:Без да навлегува во политики, тој посочува дека Македонија и Грција имаат проблем со името Македонија веќе 26 години и нагласува дека Македонија не е дел од Грција.
Влез и визи:Ако доаѓате од која било европска земја потребен ви е само пасош, но ако доаѓате од друг дел на светот можно да ви е потребна виза, зависно која националност сте.
Пристигнување и транспорт:Македонија е многу мала земја и има само два аеродроми, во Скопје и Охрид.Вели дека најдобриот дел е што во Македонија превозот со автобус е евтин и билетот за две најоддалечени дестинации во Македонија нема да ве чини повеќе од 8 евра.
Го има најстарото езеро во Европа и град со 365 цркви, каде е формиран првиот европски универзитет. Се разбира, се мисли на Охрид. Проценето е дека Охридското Езеро е старо 4 милиони години и максималната длабочина му е 287 метри. Дом е на повеќе од 300 ендемски видови.
Рај за верниците:Македонија има огромна историја и преку 1.000 цркви и манастири на целата територија.
Една од најдлабоките подводни пештери на светот:Пештерата Врело во кањонот Матка е чудо на природата и длабока е повеќе од 240 метри, но не е испитана до крај.Најдлабоката подводна пештера во светот, испитана досега, се наоѓа во Чешка со длабочина од 402 метри.
Најверојатно е најевтината земја во Европа:Цените се навистина ниски, а најскапи се Скопје и Охрид. Пристоен оброк во Скопје може да најдете за 3 до 5 евра, а во другите градови и за 2 до 3 евра.
Има планини што ќе ве восхитат:Има 34 планински врвови повисоки од 2.000 метри надморска височина и повеќе од 50 езера на нив.Со просечна надморска височина од 741 метар, Македонија е четвртата највисока земја во Европа.
Скопје е град на контрасти:Омилен дел од Скопје на туристите им е Старата Чаршија. Но, од другата страна на Вардар ве очекуваат модерни згради.
Ја има најголемата ромска заедница во Европа:Најголем дел од Ромите се стационирани во населбата Шуто Оризари. Проценката е дека во Македонија има околу 20.000 припадници на ромската заедница.
Ги има најпотценетите вина во Европа:Цените на шише вино започнуваат од евро и половина. Има неверојатни вина по навистина ниски цени. Мора да пробате и ракија.
Има мегалитска опсерваторија, стара 4.000 години:Кокино е една од најстарите опсерватории признати од НАСА. Таа е заштитена од УНЕСКО.
Има остров на змии:Во Преспанското Езеро, кое е дел од националниот парк Галичица, се наоѓа островот на змии Голем Град. На островот главни жители се змиите, нема луѓе.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани