УНЕСКО му даде рок на Охрид до февруари да го реши проблемот со 409 дивоградби.
До февруари 2020 Охрид и Македонија имаат рок да ги спроведат препораките за заштита на природните богатства, реши УНЕСКО на 43. сесија што се одржува во Баку, Азејберџан. Засега, охридскиот регион нема да се најде на листата на загрозени подрачја.Делегацијата од Македонија, министерот Едмонд Адеми, заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски и градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски, успеале да ги убедат експертите на УНЕСКО дека веќе била запрена изградбата на дивоградбите и дека до февруари ќе можат да ги спроведат препораките.Медиумите деновиве ги потсетуваат властите на неколку дивоградби кои и покрај решенијата за уривање или немањето дозволи за градба, продолжуваат да се градат без никакви проблеми. Здружението „Фронт 21/42“ предупреди дека од ноември 2017 до април 2019 година се легализирале 250 дивограби. Инспекциските служби во Охрид кај 1.076 предмети констатирале нелегална градба, од кои 409 се во заштитен појас, односно на крајбрежјето на Охридското Езеро, во потегот на Националниот парк „Галичица” и во Стариот дел на градот. , изработен согласно со препораките на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО.Од УНЕСКО испорачаа низа барања од државата, а меѓу првите е да се прогласи мораториум на секакви урбани трансофрмации на брегот на Охридското Езеро, но и на каква било урбанистичка трансформација.Општина Охрид досега само го подготви регистарот на нелегални градби согласно препораките на УНЕСКО, ги тргна палмите и дел од билбордите од центарот на градот, на кејот.