Ќе се одлучува за платите на вработените во детските градинки

На вонредна седница ќе се одлучува за платите на вработените во охридките градинки.

Ова е целиот дневен ред:

Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за донесување на Правилник за внатрешна организација на работни места во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ – Охрид.
Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за донесување на Правилник за систематизација на работни места во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ – Охрид.
Предлог – Одлука за утврдување на вредност на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и на директорите на јавните установи за деца за 2019 година.
Предлог – Одлука за дополнување на Одлука бр.08-181172/29 од 28.12.2018 година и Одлука бр.08-312/3 од 16.01.2019 година.

Седницата на Советот на општина Охрид ќе се одржи на денеска 05.07.2019 година (петок ) со почеток во 12.00 часот.

Social profiles