Жителите на Стар град да ги подигнат картичките за поминување низ рампите.
-„Се известуваат жителите од Стариот дел од градот кои имаат поднесено барање, а немаат добиено картички за движење со возила во тој дел од градот, да дојдат во Секторот за комунален развој, сообраќај и улици во Општина Охрид и да ги подигнат картичките“, информираат од општина Охрид.
Деновиве стартува ограничено и контролирано движење низ Старипт дел на Охрид, што е препорака на Унеско за редуцирање на сообраќајот во стариот дел на градот.