Охрид добива шелтер центар за жртви од семејно насилство

До крајот на  овој месец Охрид ќе добие  шелтер центар за згрижување на жртвите од семејно насилство. 

Веќе е избран и опремен  просторот  за привремено сместување на жртвите  од насилство, кое  за жал последниве години се повеќе се зголемува.

Ќе биде отворено и советувалиште во кое стручните тимови ќе работат и  со жртвите,  но и со насилниците.  Семејното насилство е во пораст што е резултат на нетрпеливоста во семејството, но и  тоа што се повеќе се  охрабруваат жртвите да пријавуваат.

Само годинава се регистрирани околу  150  случаи на вавкво кривично дело.

 „Во текот на 2019 година имаме  за разлика од претходната година мало зголемување на семејно насилство. Меѓутоа интензивно се работи со жртвите од страна на стручен тим и досега сме имале проблеми околу сместувањето на жтвитe  пронаогање на центри за жртви бидејки во Македонија голем број на такви центри кои претходно функционираа за жал неколку години беа затворени и немамвме простор. Па жртвите мораа повторно да се враќаа кај насилниците бидејки немаа можност каде да  бидат сместени“,  вели Павлина  Пероска од  Центарот за социјални работи Охрид.

Боксови , клоци , шлаканици, но и употреба на дрва, мебел и ножеви во расчистувањето на семејните проблеми станаа секојдневие. Само годинава  полицискиот билтен беше преполн од најразлични напади на  различни семејни релации. Маж тепал жена, син тепал мајка или татко, внук тепал  баба или дедо, родители малтретирале дете.

-„Претежно имаме и психичко и физичко насислтво. Психичкото тешко се докажува а физичко за жал имаме кое лесно се докажува со наод од лекар.  Најголем процент се жени и деца досега ние немаме регистриано маж жртва.  За возраста не можеме точно да кажеме има од ралични возрасти. Помалди, средна возраст насилството во денешно време е зголемено посебно во самите фамилии. Син мајка, жена дете“, додава Переска.

Најчесто  разнишаните семејни односи не се лекуваат. Жртвите поради економската немоќ, најчесто се помируваат со сторителот и продолжуваат заеднички живот, но насилството  во домот се повторува.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани