Градот Охрид ќе биде домаќин на 10-то МАКО СИГРЕ советување што почнува утре во хотелот „Метропол“.
Теми на советувањето се актуелните трендови и состојби во електроенергетскиот систем и електроенергетиката а свои ставови и искуства ќе презентираат врвни меѓународни и домашни експерти од оваа област. Советувањето, како и досега, е можност за средби меѓу инженерите и истражувачите од земјава и странство, размена на знаење и стекнати искуства помеѓу академската заедница, индустријата и сите чинители во електроенергетскиот сектор.
Програмата ќе опфаќа технички презентации и предавања од истакнати инженери и научници од области од електроенергетиката, производството, пренесувањето и дистрибуцијата на електрична енергија но и областите кои се тесно поврзани со оперативната работа и стопанисувањето со електроенергетските системи, енергетска опрема, функционирањето на електроенергетските системи и други.