Во Сабота, 01.06.2019 година во Охрид,Хотел Белведере ќе се одржи 24-тото годишно собрание на АЦИ-Македонија-Здружение на финансиски пазари.
-„Здружението постои од 1996 година и во него членуваат девизни трговци-професионалци од сите банки во државата. Целта на Здружението е едукација ,воведување на нови финансиски инструменти и размена на искуства од сферата на финансиските пазари. Здружението организира семинари,панел дискусии и советувања на кои учествуваат еминентни стручни лица од сите типови на финансиски субјекти од државата и странство. На годинешното Собрание централна тема ќе биде “Инвестициски можности во моментот-предизвик” за новоотворената можност резидентите да инвестираат директно во странски хартии од вредност“, информираат организаторите.
Ќе биде организирана панел дискусија со следните учесници:
Модератор: Снежана Поповска, CFTe, TTK Банка
Панелисти:
· М-р Горан Марковски, Главен Извршен Директор во КБ Публикум Инвест,
· Коста Ивановски, CFA, Директор на Сектор за Инвестиции во Сава Пензиско Друштво,
· Александар Манев, M.B.A. Економски аналитичар, ко-сопственик на www.faktor.mk
· Драган Илкоски, Директор на Дирекција за услуги со хартии од вредност, Шпаркасе Банка АД Скопје
