Спортскиот систем за споделување на фотографии Pic2go ќе е дел од Охрид трчаТ.
Најновниот и најсовремениот спортски систем за споделување на фотографии Pic2go услугата и оваа година ќе биде дел од Атлетската манифестацијата Охрид трчаТ која ќе се одржи на 31 мај, 1 и 2 јуни во Охрид.
– Се што треба да направите за користење на бесплатната услуга е да се регистирате со стартниот број кој веќе го имате добиено на меиел на официјална страна од Охрид трчаТ и да дозволите сликите да се објавуваат на вашиот профил на Фејсбук. Стартниот број и бар кодот мора да бидат поставени на видливо место на телото за да можат при изработка на фотографиите да се познаваат и класифицираат. Pic2Go апликацијата со работа ќе започне во недела во 14 часот кога ќе се комплетираат сите слики од неколкуте места на кои ќе има професионални фоторепортери,
информираат организторите.