Охрид домаќин на 51-от Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура

Денеска во Охрид свечено ќе биде отворен 51-от Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура.

Во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Охрид, денеска ќе биде отворен 51-от Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура како и 45-та Меѓународна научна конференција.Овие две меѓународни манифестации имаат огромно значење во афирмацијата на македонскиот јазик, литература и култура низ целиот свет а ќе траат до 1-ви јули. Организатор е Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје.
На Меѓународниот семинар досега учествувале над 4.300 учесници од над 50 земји, меѓу кои истакнати македонисти, професори по македонски јазик и литература на странските универзитети, слависти, балканисти, преведувачи, научни работници и студенти што го изучуваат македонскиот јазик низ лекторатите во светот. Семинарот својата стручно-научна дејност на подрачјето на македонистиката ја започнал скромно, а до денес непрекинато се развива и израсна во афирмирана наставна, научна и културна институција единствена од ваков вид во Македонија и стана ценет славистички центар, велат од скопскиот универзитет.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани