Охрид домаќин на „Балкан Јуниор“

Претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска,  го прогласи за отворен меѓународниот натпревар од областа на електротехниката и мехатрониката „Балкан Јуниор“ чиј домаќин годинава е охридскиот електромашински училишен центар „Св. Наум Охридски“.

 

Шеснаесетте ученици од осум балкански држави денеска ќе го измерат своето знаење од областа на електротехниката и мехатрониката, а на тој начин ќе разменуваат искуства и ќе допринесуваат во промовирање на меѓу културната соработка и запознавање со начинот на образование и живот во други држави. Овој настан допринесува во унапредување на знаењето, компетенциите и креативноста на учениците и наставниците во стручните училишта. Велат дека знаењето е основа на која се гради самодовербата и само доколку единката има знаење и самодоверба може да постигне се во животот, да се качи до највисоките височини или да нурне во најголемите длабочини. Знаењето е основа на секој успешен човек. А денеска сите ние тука сме сведоци на млади генијалци од областа на електротехниката и мехатрониката на кои повеќе од сигурно го оставаме овој Свет. На крај на сите учесници им посакувам успех во натпреварувачкиот дел на „Балкан јуниор“ и пријатен престој во Охрид. Верувам дека во нашиот град во кој над 7 000 години има континуиран живот на човекот и неслучајно го нарекуваат ризница на цивилизациите ќе најдете доволно причини за креативност и нижење на нови наредни успеси – рече Ангелоска.
Меѓународниот натпревар „Балкан Јуниор“ се одржува по седми пат.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани