Охрид по 20 години домаќин на Државно првенство во пливање

Охрид по 20 години домаќин на Државно првенство во пливање. Свеченото отворање е денес во 17 часот. 

 

Со утрински подготовки денес започнува Државното првенство во пливање кое после две децении повторно ќе се одржи во Охрид. ЈП “Билјанини Извори” ги поканува сите љубители на пливањето и спортот генерално, да дојдат на градскиот базен овој викенд и заедно со нас да уживаат во убавините на пливањето. На Државното првенство ќе учествуваат 17 клубови од Македонија со околу 400 пливачи. Трките од првенството ќе се одржат претпладне и попладне на 16 и 17 јули, информираат од ЈП „Билјанини извори“. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани