Десет години од потонувањето на бродот „Илинден“.
И после една деценија се уште се свежи морничавите спомени од најголемата бродска несреќа случена во водите на Охридското езеро. Се сеќаваат преживеаните, семејствата на починатите, морнарите, бродарите, капетаните, новинарите, се сеќаваат и охриѓани….
Во најголемата бродска трагедија во земјава животот го загубија 15 бугардски туристи.
Денес на десетгодишнината од кобниот 5 септември пред спомен паркот на жртвите од потонувањето на бродот “Илинден” свежо цвеќе ќе положат повеќе делегации.
На поменот пред паметникот на Кејот на езерото поставен во знак на сеќавање на настраданите најавено е присуство на делегации на Општина Охрид, на бугарските дипломатски и културни претставништва во земјата, на Капетанијата на пристаништа, на Здружението на граѓани „5 септември“ и на граѓани.
И после три години се уште се свежи морничавите спомени од најголемата бродска несреќа случена во водите на Охридското езеро.Трауми од потонувањето на бродот “Илинден” покрај семејствата на жртвите, во себе носат и двете лекарки од Србија, кои случајно се најдоа на местото на трагедијата. Се се случи за миг.Патувајки во соседниот брод во прв момент не верувале дека телата кои плутаа во водата се мртви луѓе, вознемирено раскажуваат двете.
– 03 38 Мислев дека тоа се кукли или пливачи мегутоа тоа за жал беа телата на настраданите патници. Дојдовме до бродот капетанот Зоран не донесе до настраданите за да бидеме поблиску за да им укажеме помош калку што можеме. Веќе имаше доста настрадани ,вели Гордана Димитриќ лекар од Србија.
– 02 01 02 19 Можда и ние делуваве да ја намалиме паниката за да се случи поголема трагедија. Лугето на нашиот брод беа многу дисциплинирани сите помагаа, паниката беше сведена на минимум и можеби помогнавме трагедијата да не биде толку голема, вели Жаклина Спасиќ лекар од Србија.
За храброста и хуманоста покрај признанието од Бугарија лекарките денеска од Охрид добија благодарници.
-01 03 Убеден сум дека тие цел живот тгој настан ке го паметат и не можат да го заборават. Го ризикуваа својот живот и успеаа сигурно неколку животи да спасат, вели Александар Петрески градоначалник на општина Охрид.
Во најтголемата бродска трагедија во земјава животот го загубија 15 бугардски туристи.
Утре на три годишнината од кобниот 5 септември пред спомен паркот на жртвите од потонувањето на бродот “Илинден” свежо цвеќе ќе положат преставници на општината и бугарската амбасада но и гости од градот Пирдоп.
Новинар Соња Рилковска