Една деценија: Мостот на желбите потреба, туристичка атракција или дивоградба?

Една деценија, „Мостот на желбите“ потреба, туристичка атракција или дивоградба??

 

Од самата изградба овој инфраструктурен објект  наиде на многу негодувања. Критики дека е небезбеден, неавтентичен, ја нарушува автентичноста на градот, дивоградба итн. Протестираа жители на кои им беше затворен погледот и пристапот кон езерото, им беа одземени приватните плажи….

Мостот постои точно  една деценија, тој е подарок на македонскиот бизнисмен Велија Рамкоски за градот Охрид. Беше пуштен во употреба на 8 септември 2009 година, во времето на градоначалникот Александар Петрески.

Беше  изграден како потреба за да се скрати патот до Црквата Св. Јован Канео од самиот центар и наместо пат од 1,5 километри колку што треба да се помине преку стариот дел на градот за да се стигне до црквата, сега преку овој мост се потреби само 140 метри колку што е долг самиот мост. Насушна потреба на жителите на населбата Канео, кои лесно и брзо имаат пристап до градот. 

Мостот на желбите имаше и своја приказна. На него беа поставени 12 хороскопски знаци. И според името кое му е дадено, потребно беше да се застане на еден од нив, односно на својот хороскопски знак да се погледне кон езерото кон Манастирот Свети Наум и да се замисли желба.

Денес нема ништо. Нема ни ограда и се смета за небезбеден. На места има големи оштетувања, на што реагираат граѓаните. 

Мостот  комплетно руиниран во март 2018 година од силното невреме, но угостителите кои гравитираат во тој дел од градот самоиницијативно го  санирааа. 

Постојат различни мислења и ставови.  Според едни треба да се реконструира и да биде безбеден, според други да биде отстранет како дивоградба.

автор Соња Рилковска 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани