Охрид и Кавадарци се градовите со најголем опфат на вакцинирани лица против Ковид-19, со првата доза, а најмала заинтересираност, пак, има во Струмица, Гостивар и Радовиш.
Во Охрид со прва доза се вакцинирале 63,9 отсто од граѓаните, во Кавадарци 64,3 отсто, во Гевгелија 61,4 отсто, а во Неготино 65,1 отсто.
Досега во државата аплицирани се 1.505.469 вакцини, а надлежните уверуваат дека вакцини има доволно и истите се достапни за сите што сакаат да се вакцинираат.
Согласно последните податоци, на вакциналните пунктови во државата и на терен вакцинирани се вкупно 784.244 граѓани, а ревакцинирани 721.156.
Трета доза вакцина досега примиле 69 граѓани.
Последната статистика укажува дека со една доза се вакцинирале 55 отсто од лицата над 40 годишна возраст.
До 26 септември, пак, со една доза вакцинирани се 46,9 отсто од населението над 18 годишна возраст.
Како што информираат од ресорното Министерство, помеѓу 50 до 60 отсто опфат на вакцинирано население со прва доза има во градовите Битола, Демир Хисар, Ресен, Велес, Берово, Пехчево, Прилеп, Крушево, Валандово, Штип и Пробиштип.
Во Кичево, Свети Николе, Кочани, Делчево, Крива Паланка, Струга, Македонски Брод, Скопје и Тетово се вакцинирале од 40 до 50 отсто од граѓаните.
Најмалку вакцинирани во моментов има во Виница, Куманово, Кратово, Дебар, Струмица, Гостивар и Радовиш, односно помеѓу 30 до 40 отсто.
