Мицковски му порача на Заев: Силно ќе бидеш поразен на овие избори

Караванот на коалицијата Обнова за Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ синоќа во посета на општините Вевчани, Дебрца, Струга и Ресен.

Мицковски во своето обраќање пред стружани упати низа обвнувања кон власта. Македонија во моментов според сите светски ранг листи е најкорумпираната држава во Европа. Тоа е реалноста која ја живееме ние со најкорумпираните политичари. Први сме по бројот на смртни случаи од ковид пандемијата. На дното сме според стапката на имунизација, затоа што трчаа по провизии за вакцини, рече Мицковски.

Осум до десет студенти после дипломирањето одлучуваат да ја напуштат Македонија за каква иднина зборуваме тоа ли е најдоброто што го можат. 14 луѓе живи гореа во модуларната болница а до ден денес нема одгоорност, обвини лидерот на ВМРО ДПМНЕ на митингот во Струга.

Нема достапен опис

„Четири години го слушаме истиот речник од Зоран Заев така беше и вчера па јас сум бил Мицко сум бил ваков сум бил таков .Јас ке му порачам од овде од Струга, стравот е голем ти се гледа во очите исплашен си затоа што знаеш дека силно ќе бидеш поразен на овие избори а потоа јас ти ветувам дека заедно со тие твои пајташи околу тебе од прв до последен ке одговарате . Од прв до последен ќе одговарате и за националното предавство и ќе одговарате за криминалот и пљачката што ја направивте овие четири години“, рече Мицковски.

Ветуваа инвестиции, ветуваа силно платени работни места, ветуваа од 5% до 7% раст на економијата, а добивме неколку стотици плантажи за садење на марихуана и најголемиот дел од нив во сопственост на семејството Заеви. Тоа се инвестициите, тоа е подобрувањето и тоа е најдоброто кое тие го знаат. Таква реалност ние не сакаме, таква реалност ние одбиваме да живееме. И затоа застанавме се обидинивме и тргнавме во овој победнички марш на овие локални избори кои ќе навестат нова политичка реаност, нова влада предвидена од ВМРО-ДПМНЕ заедно со сите коалициони партии кои денес се во опозиција, рече Мицковски.

Нема достапен опис

Во Струга Коалицијата за обнова на Македонија ќе го поддржи кандидатот за градоначалник од Алијанса Идри Истрефи. Додека во соседната општина во Вевчани кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ е Спасе Кочоски, кој рече нашето Вевчани ќе биде Вевчани на чесен и вреден народ.

-„Нивното Вевчани е Вевчани кое е сервилно и послушно кон секој кој дошол однадвор, а нашето Вевчани е гордо и непокорно Вевчани. 3424 Изминатите четири години имаме општинска власт која не води грижа за секојдневните проблеми на вевчанецот. Наместо да живеат со проблемот на народот тие живеат да ги задоволат само своите интереси,речеСпасе Кочоски кандидат за градоначалник на Вевчани.

Ова се избори каде што ја имаме последната шанса за промени, шанса за подобро утре, рече Мицковски, кој ја побара довербата од стружани за како што рече „Да градиме пактови и сојузи за иднината, да работиме за иднината, а од сето ова кое беше погрешно во минатото да извлечеме поука и сите заедно да се коригираме“.

Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани