Охрид со три пати повеќе туристи во однос на соседна Струга

Охрид со  три пати  повеќе туристи во однос на соседна  Струга. 

 И двата градови го делат  преубавото Охридско Езеро, изобилуваат со голем туристички потенцијал, богато природно, културно историско наследство.  Струга   е еден од ретките градови на две води,  но  и покрај се` туристите го преферираат Охрид. 

Официјалните податоци   од  државниот завод за статистика за туристичките движења во двете населени места говорат дека Охрид е далеку  повеќе  посетуван   од Струга.

„И низ годните наназад секогаш бил помал интересот за Струга, тоа не значи дека промоцијата не е толку фокусирана на Струга но јас мислам дека кога имаме две волуменски дестинации  една до друга секогаш едната ќе биде помалку посетувана во однос на другата Фокусот е ставен на Охрид  и може да заклучиме дека најголемата концентрација на холандските туристи токму е во Охрид и покрај тоа што Струга ни е многу блиска“  , вели Љупчо Јаневски директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Во 2019 година Охрид го посетиле 322.573 туристи, додека Струга три пати помалку или 106.334 туристи.Во однос на остварените ноќевања, во Охрид над милион и 100 илјади  а во Струга имало околу 400 илјади  остварени ноќевања. Во однос на странските туристи, 191.930 го посетиле Охрид, додека Струга ја посетиле 54.034 странци. Од Агенцијата за туризам велат Струга мора да работи на поголема туристичка промоција.

 „Очекувам дека општината Струга уште повеќе ќе вложи во атракциите , во нови атракции во самата општина исто така ќе понуди одредени аранжмани со кои што сосема солидно ќе биде подготвена и ке се приближи до градот Охрид“ , појаснува  Јаневски.

Охрид го држи приматот и кај домашните гости. И тие  го преферираат  градот под Самоиловата тврдина.  Во 2019 година во Охрид имало 130.643 домашни туристи а во Струга 52.300.

 

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани