На 77 годипшна возраст, рано утрово по кратко боледување почина Љупчо Чаулев од Охрид.
Чаулев беше човек кој даде голем допринос за градот, низ неговиот долгогодишен работен век и повеќето јавни општествени функции.
По образование беше градежен инжинер, дипломирал на Градежниот факултет во Скопје.
Работеше во Завод за урбанизам, беше претседател на огранокот на Социјалнистичката партија во Охрид, инспектор во водопанство , началник на Фонд за комунален развој , два мандати советник во општина Охрид и технички директор на Водоовод.
Човек со големи познавања и амбиции, кој се вложуваше за еден поубав Охрид.
Со покојниот Чаулев, последното интервју на Охриднет го имавме на Денот на рибарите годинава. Секогаш насмеан, беше чест да се разговара со човек енциклопедија, а имаше и што да научиме.
Големите луѓе заминуваат на големи денови. Погребението е утре на најголемиот христијански празник Велигден.
Почивај во мир!
