Охридската чаршија вистинско лизгалиште деновиве. Плочките со кои е поплочена и на најмал снег се непогодни, премногу лизгави.
Граѓаните едвај одат и по патеките со расчистен снег е премногу лизгаво. Дуканџиите пред своите трговски објекти ставаат картони.
-„Ова е страшно. Дневно паѓаат по педесеттина луѓе. Многу малку има движење по главната чаршија токму поради лизгавите плочки. Мора да се најде начин да се реши овој проблем“, велат дуканџии во изјава за Охриднет.
.jpg)
.jpg)
.jpg)
