Република Македонија станува Република Северна Македонија.
Парламентот, синоќа ги донесе историските измени на Уставот , што е во согласност со Догворот од Преспа. Република Македонија и официјално станува Република Северна Македонија, се прават измени во Преамбулата. Македонија ќе го штити македонскиот идентитет, ќе ги гарантира и негува особеностите, историското и културното наследство на македонскиот народ. Државјанството ќе биде македонско коса црта граѓанин на Република Северна Македонија. Уставните амандмани ќе стапат во сила и ќе имаат правно дејство по ратификацијата на Спогодбата и ратификацијата на протоколот на членство на Македонија во НАТО од страна на Грција.
