Ансамбал „Билјана“ организира промоција на песнарката „Охридски Музички Бисерник – староградски песни“ чест на прерано починатиот Андреј Лаброски, кој беше член на ансамбалот.
-„Овој настан ќе биде од хуманитарен карактер, така што песнарката која ќе биде промовирана, ќе може да ја купите во текот на вечерта по цена од 400 денари, од кои дел од средствата ќе бидат наменети за хуманитарни цели. По промоцијата следи Jam Session, при шро ќе настапат многу локални музичари“, информираат од ансамбал „Билјана“.
Резервации на телефонскиот број:
078/532-949 – Христина
Ќе ни биде чест заедно да го обележиме животното дело на Андреј Лаброски.
Настанот ќе се одржи утре на 16ти јули со почеток од 20:00 до 21:00 часот во Кадмо Бар.