Дефект во канализационата мрежа причина за забраната за капење кај „Партизан“

Дефект во канализационата мрежа и колекторскиот систем , причина за забраната за капење кај одмаралиштето „Партизан“.

Викендов екипите на јавните претпријатија го откија и санираа дефектот кој предизвика загадување на водата на потегот од  Далјан , Грашница,  до одмаралиштето „Партизан“.

Денес се земаат примероци за нови анализи, кои се очекува да покажат исправна вода за спорт и рекреација. 

-„Имаше дефект кој викендов е саниран. Денес земаме нови примероци на вода и до петок ќе ги имаме резулататите. Очекуваме микробиолошки исправма вода, по што ќе биде отстранета забраната за капење  не дел од плажите во Охридското езеро“, вели Сашо Точков во изјава за Охриднет. 

До петок ќе се знае дали водата е од прва или втора категорија, со што е дозволено спорт и рекреација. Инаку последните примероци на тој потег покажаа макробиолошки неисправна вода од трета категорија, по што санитарните инспектори поставија знаци -„Забрана за капење“. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани