Направени последните проверки и увид, од денеска се спуштаат рампите за Стар град.
На овој начин ќе се редуцира сообраќајот во старит дел на Охрид , што е и една од препораките на Унеско, а воедно се очекува да се намали сообраќајниот хас вп централното грдаско јадро.
-Системот за електронско евидентирање на движењето на возилата да отпочне со функционирање од 15.07.2019 година (понеделник)
На рампите задолжително да има присуство на овластени лица;
На возилата кои имаат картички да се постават и налепници за означување на возилата;
Да се изработат флаери и достават до корисниците за информирање на граѓаните за начинот на работа на системот за електронско евидентирање;
Секој ден во временскиот период од 19.00 часот до 05.00 часот на улиците „Цар Самоил” и „Коста Абраш” да има забрана за сообраќај и во овој период целиот сообраќај ќе се одвива преку „Горна Порта” и исклучниот пат за црква „Каменско”.
Доцна синоќа градоначалникот Константин Георгиески и директорката на ЈП „Билјанини извори“ Гордана Јованоска, вршеа последен увид пред спуштањето на рампите и почетокот на функционирање на новиот сообраќајен режим.