Охридскиот градоначалник ќе трча на Охрид Треил.
-Поради спортскиот дух и љубовта кон планината кои отсекогаш ги носам во себе, не можев да му одолеам нa новиот спортски предизвик во Охрид и затоа одлучив да учествувам на првото издание на Ohrid Trail. Денеска го подигнав мојот стартен пакет и учеснички број, а утре со почеток во 10 часот ќе бидам дел од учесниците кои ќе се појават на стартната точка кај Елешец од каде ќе започне 35-километарската трка. Посакувам да имаме лесна трка, поволни временски услови и добар успех на финишот!– вели Константин Георгиески градоначалник на Охрид.